Исклучително вшмукување
Jet Cyclone
Уживај во почистиот воздух и извонредната моќ на вшмукување со високо ефикасната, мулти-циклонска структура на системот Jet Cyclone. Оптималната насока на воздухот го намалува отпорот на воздухот, a неговите 9 циклони со 27 влезови за воздух ја сведуваат на минимум загубата на вшмукување. Исто така, ги фаќа ситните честички прашина кои се вшмукани во правосмукалката.
Моќна на теписи
Турбо четка
Собери ги ситните честички прашина од теписите, како и од тврди подови, со турбо четката. Работи со околу 3750 вртежи во минута*. Ротирачката глава од 180 степени ти овозможува лесно да смениш насока и да го исчистиш секој агол. И лесно можеш да го одржуваш ротирачкиот барабан кој може да се откачи со еден клик.
* Според интерно тестирање во минимален, среден и максимален режим. Резултатите може да се разликуваат во зависност од индивидуалната употреба.
Проверка со еден поглед
Дигитален дисплеј
Провери дали твојата правосмукалка секогаш работи оптимално преку интегриран дигитален дисплеј. Можеш да ја провериш состојбата на машината, како на пример јачината и видот на четка. Дисплејот те предупредува ако постојат проблеми или заглавувања во цилиндaрот со четка. На тој начин можеш соодветно да ја контролираш и одржуваш.
Флексибилен полнач
Станица за полнење 2-во-1
Складирај ја и полни ја правосмукалката пофлексибилно со станицата за полнење 2-во-1 која може лесно да се приспособи во секој дом. Ако сакаш да заштедиш простор може да ја закачиш на ѕид. Или може да ја користиш како самостоен полнач, па може едноставно да ја извадиш батеријата и да ја полниш каде било.
Сад што целосно се мие
Сад за прашина што се мие
Одржувај го садот за прашина чист и лесно празни ја твојата правосмукалка. Целиот сад за прашина од 0,8 L, вклучувајќи го мулти-циклонскиот систем, може да се мие, за да се одржува чист и свеж.
Чисти тврди подови
Мека четка
Собери ја ситната прашина од тврдите подови и тесните отвори со меката четка, проткаена со антистатички сребрени конци. Ротирачката глава од 180 степени ти овозможува да го исчистиш секој агол. Исто така, не дозволува влакната од милениците да се заплеткаат во четката. И лесно можеш да го одржуваш барабанот кој може да се откачи со еден клик.
* Според интерно тестирање во минимален, среден и максимален режим. Резултатите може да се разликуваат во зависност од индивидуалната употреба.
Jet AR искуство
1. чекор | Скенирај го QR кодот и инсталирај ја апликацијата SAMSUNG HA AR од продавницата Google Play 2. чекор | Отвори ја апликацијата и избери преземање на Jet 3. чекор | Скенирај го AR маркерот за да ја пробаш Jet технологијата
Reviews
There are no reviews yet.