Политика за заштита на личните податоци

Политика на приватност на ТЕХНОЛОЏИ БОКС ДОО Скопје
Заштитата на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите е од најголемо значење за Друштво за трговија на големо и мало експорт-импорт ТЕХНОЛОЏИ БОКС ДОО Скопје (во натамошниот текст: “ТЕХНОЛОЏИ БОКС“), притоа земајќи ја предвид и природата на работењето како и податоците коишто се прибираат при нивното тековно работење.

Политика за приватност на ТЕХНОЛОЏИ БОКС има за цел да го објасни процесот на собирање, користење, обработка, откривање, заштита и уништување („животниот циклус“) на личните податоци коишто ги обработува.

Секоја активност поврзана со личните податоци, ТЕХНОЛОЏИ БОКС ја спроведува во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти донесени врз основа на овој Закон.

За целите на заштита на личните податоци, ТЕХНОЛОЏИ БОКС има назначено Офицер за заштита на личните податоци (контакт податоци подолу), кого субјектите можат да го контактираат за прашања поврзани со обработката на нивните лични податоци и за остварувањето на нивните законски права. Дополнително, заштита на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите на ТЕХНОЛОЏИ БОКС е дел од Политиката за приватност чиишто одредби се задолжителни за сите вработени лица во ТЕХНОЛОЏИ БОКС.

1. УЛОГАТА НА ТЕХНОЛОЏИ БОКС СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
ТЕХНОЛОЏИ БОКС согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци е Контролор, односно правно лице коешто ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци на субјектите на лични податоци.

2. ОСНОВНИ НАЧЕЛА
Како контролор, ТЕХНОЛОЏИ БОКС обезбедува заштита и обработка на личните податоци во согласност со важечката правна рамка којашто ја следи на редовна основа и за таа цел обезбедува дека личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со следните начела:

– Законитост, правичност и транспарентност – личните податоци се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци;

– Ограничување на целите – личните податоци се собираат за конкретни, јасни и легитимни / со закон утврдени цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели;

– Минимален обем на податоци – личните податоци кои се обработуваат се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите отузаради кои се обрабваат. Ова начело е релевантно и во однос на пристапот до личните податоци кои се обработуваат;

– Точност – личните подaтоци се точни и, каде што е потребно, ажурирани, при што се преземаат сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни;

– Ограничување на рокот на чување – личните податоци се чувани во формат кој овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност закон, а со применување на соодветни технички и организациски мерки заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци;

– Интегритет и доверливост – личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка како и нивно случајно уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки; и

– Начело на отчетност [accountability] – ТЕХНОЛОЏИ БОКС е одговорен за усогласеноста со горенаведените начела и може да ја демонстрира усогласеноста во секое време, особено по барање / контрола на внатрешните ревизори, Офицерот за заштита на личните податоци или пак Агенцијата за заштита на личните податоци.

Горенаведените начела на обработка се применуваат кумулативно, сите заедно во текот на севкупниот циклус на обработка на личните податоци.

3. КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИШТО СЕ ОБРАБОТУВААТ ОД СТРАНА НА ТЕХНОЛОЏИ БОКС
ТЕХНОЛОЏИ БОКС собира, чува и обработува лични податоци што клиентите ги откриваат или веќе ги откриле на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, како и потенцијалните и / или постојни клиенти и генерално, лицата кои вршат деловни активности со ТЕХНОЛОЏИ БОКС.

Примарен извор на лични податоци на ТЕХНОЛОЏИ БОКС се оние лични податоци кои субјектите самите ги имаат дадено на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, при пополнување на образецот за достава на продукти (во случај на клиенти). Напоменуваме дека ТЕХНОЛОЏИ БОКС обработува лични податоци единствено во обем којшто е неопходен за целите на обработката.

Особено, ТЕХНОЛОЏИ БОКС може да врши обработка на следниве лични податоци:

Личните податоци што ги доставуваат субјектите , како што се: назив на физичко лице, име, презиме, фирма (опционално), ЕДБ (опционално), адреса, поштенски код, град, земја, телефон, коментар за нарачката и метод на плаќање (во готово или кредитна картичка) – во случај на онлајн нарачка на производите на ТЕХНОЛОЏИ БОКС.

Вработување : име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење, државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи. податоци за вработените во ТЕХНОЛОЏИ БОКС поопширно се објаснети во Анекс 3 на оваа Политика;

Пријави за вработување : име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи. Податоци за кандидатите за вработување во ТЕХНОЛОЏИ БОКС се поопширно објаснети во Анекс 3 на оваа Политика;

Регистрирање за нашиот билтен: Вашата е-пошта. Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на ТЕХНОЛОЏИ БОКС. Личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на ТЕХНОЛОЏИ БОКС поопширно се објаснети во Анекс 1 на оваа Политика

Контактирање преку контакт формата на нашата веб страна: е-пошта, и порака. Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност. Личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на ТЕХНОЛОЏИ БОКС поопширно се објаснети во Анекс 1 на оваа Политика

Користење на нашата веб страна (системски логови): времетраење на посетата, видот на уредот што се користи, видот на прелистувачот што се користи (browser), видот на опреативниот систем (OS), веб страниците кои се прегледани, IP адресата, јазикот на кој прелистувате, термини кои сте ги користеле за пребарување на производи, географска локација, внатрешна резолуција на прозорецот на пребарување, активирање на JavaScript, Java вклучено/исклучено, колачиња вклучени/исклучени, длабочина на боја, Референтен URL, кликнувања – Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност при посета на веб страната (прифаќање на задолжителните колачиња). Личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на ТЕХНОЛОЏИ БОКС поопширно се објаснети во Анекс 1 на оваа Политика

Регистрирање за нашиот билтен: Вашата е-пошта. Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност. Личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на ТЕХНОЛОЏИ БОКС поопширно се објаснети во Анекс 1 на оваа Политика

Личните податоци што ги обработува ТЕХНОЛОЏИ БОКС се чуваат во хартиена и / или електронска форма.

4. ЦЕЛИТЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги обработува личните податоци на субјектите коишто се собираат при воспоставувањето / продолжувањето на деловниот однос со ТЕХНОЛОЏИ БОКС, за следните цели:

A. Во контекст на извршување на договор или пред неговото потпишување, особено :

1. да гo потврди идентитетот на клиентот;

2. да оствари комуникација со клиентите при преземањето на преддоговорните дејствија или за прашања поврзани со деловниот однос со ТЕХНОЛОЏИ БОКС, вклучително и да преземе дејствија за наплата на достасаните побарувања на ТЕХНОЛОЏИ БОКС;

3. да го подготви, склучи и да управува со Договорот склучен со ТЕХНОЛОЏИ БОКС и да преземе дејствија за исполнувањето на обврските кон клиентите како и со цел извршување, управување, следење и обработка на клиентските трансакции односно да обезбеди ефикасно да го обезбеди бараниот услуга од ТЕХНОЛОЏИ БОКС;

4. да ја оцени соодветноста за понуда на услуга

Б. Во контекст на законското и тековното работење на ТЕХНОЛОЏИ БОКС и заштитата на нејзините права и законски интереси, особено :

1. да ги развива и / или подобрува услугите што ги нуди ТЕХНОЛОЏИ БОКС во однос на преференциите на клиентите;

2. да одговори на Барања / Поплаки од клиенти;

3. да ги процени и да управува со ризиците во врска со работењето на ТЕХНОЛОЏИ БОКС;

4. да спречи извршување на кривични дела (пр. измами) и да идентификува и собира податоци за незаконски активности, за физичко обезбедување на лица и имот (вклучувајќи го и системот за видео надзор);

5. да ги извршува своите правни побарувања пред судските органи или други тела за вонсудско / алтернативно решавање на спорови,

6. да ги проценува и оптимизира безбедносните процедури, ИТ системите итн.

Г. Врз основа на дадена согласност:

1. да испрати информации за нови производи и услуги што ги нуди ТЕХНОЛОЏИ БОКС и што одговараат на интересите и преференциите на клиентите. Дополнително ТЕХНОЛОЏИ БОКС може да ги извести корисниците за истекување на нивните рокови. Во овој случај, клиентите имаат право да ја повлечат согласноста во секое време, без надомест, преку неколку канали:

i. директно во некоја од продавниците на ТЕХНОЛОЏИ БОКС

ii. Преку Контакт центарот, или

iii. Седиштето на ТЕХНОЛОЏИ БОКС

2. за подобро разбирање на начинот на користење и интеракција со содржината на веб- страницата на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, со користење “колачиња” (анг.: “cookies”);

3. да ги подобри услугите што ги обезбедува преку веб-страница, за подобро корисничкото искуство.

Во однос на горенаведеното, напоменуваме дека согласност не е потребна во следниве случаи:

• за извршување на договор склучен со ТЕХНОЛОЏИ БОКС или со цел преземање на потребните активности во врска со Барањето што клиентот го поднел пред пристапување кон договорот;

• за исполнување на законска обврска на ТЕХНОЛОЏИ БОКС како контролор;

• за заштита на суштинските интереси на клиентите или на друго лице;

• за извршување на работи од јавен интерес; и

• кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на ТЕХНОЛОЏИ БОКС или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектите за кои е потребна заштита на лични податоци, особено кога субјектот е дете.

ТЕХНОЛОЏИ БОКС применува соодветни мерки за заштита на правата и слободите и легитимните интереси на субјектите на лични податоци, а најмалку правото на обезбедување на човечка интервенција од страна на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, право на изразување на личен став и право на оспорување на таквата одлука. Ваквиот тип на Одлуки не се засноваат на посебни категории на лични податоци, освен во случаите дозволени со Законот за заштита на личните податоци.

5. КОРИСНИЦИТЕ НА КОИ ТЕХНОЛОЏИ БОКС МОЖЕ ДА ГИ ОТКРИЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ
ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги открива личните податоци на јавни органи во согласност со нивните законски овластувања.

Друштва за осигурување – со цел реализација на права од приватно осигурување на вработените (здраствено, пензиско или друг тип на осигурување);
Министерство за економија (со седиште: Јуриј Гагарин 15, Скопје 1000) , со цел редовна комуникација со Секторот за заштита на потрошувачите
Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје) , со цел плаќање даноци остварени од вршење на дејноста
Банки и други финансиски институции – со цел комуникација и регулирање на должничко-побарувачки односи меѓу потрошувачи и ТЕХНОЛОЏИ БОКС и вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на ТЕХНОЛОЏИ БОКС
Организација на потрошувачи на Македонија, во рамките на Министерството за економија(со седиште: ул. „50-та Дивизија“ бр. 10А,) , со цел редовна комуникација, но најчесто информациите кои се споделуваат не се персонализирани
Министерство за внатрешни работи , (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје) во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти
Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.„Гоце Делчев“бр. 18), во случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или корисници
Нотари, извршители или адвокати , во случаи на потреба од правна помош
Државен санитарен и здравствен иснспекторат (со седиште Михаил Зонков бб-Скопје) , со цел на достава на детали поврзани со извршена или планирана инспекција
Носители на јавни овластувања , Со цел спроведување на законот, под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган).
Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:

Усогласување со некоја законска норма
Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста
Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци
· Агенции за наплата на побарувања – со цел вршење на услуги за наплата на побарувања во должничко-доверителски односи со потрошувачи

· Маркетинг агенции – со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности, за информирање на потрошувачи за нови продукти и новости поврзани со ТЕХНОЛОЏИ БОКС

· Надворешни изведувачи на ИТ услуги – со цел вршење на услуги за одржување на системите, администрација и развој на системи и апликации, кои би можеле да имаат пристап до согласностите на потрошувачите или до податоци на вработените

· Сметководители – со цел извршување на активности од областа на смеководството, давање примања на вработени, плаќање на должности и давачки.

· Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци со цел водење на архивата кои може да имаат податоци за вработени или за клиенти

· Компанија која врши достава на нарачани продукти

ТЕХНОЛОЏИ БОКС соработува само со трети лица кои можат да имплементираат соодветни технички и организациски мерки согласно регулативата и стандардите на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, при тоа овозможувајќи соодветна заштита на личните податоци. Во вакви случаи, третите лица (обработувачите на личните податоци) се обврзани со конкретен Договор за обработка на лични податоци кој обезбедува дека личните податоци се обработуваат само во согласност со инструкциите дадени од ТЕХНОЛОЏИ БОКС и со почитување на заштитни технички и организациски мерки со кои се обезбедува безбедност на личните податоци.

6. ПРАВИЛАТА ШТО СЕ ПРИМЕНУВААТ ПРИ ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ (ПРЕКУ-ГРАНИЧЕН ПРЕНОС)
ТЕХНОЛОЏИ БОКС може да изврши пренос на личните податоци кои ги обработува во согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

ТЕХНОЛОЏИ БОКС врши пренос на лични податоци во Кралство Холандија.

Кралството Холандија е членка на Европската Унија и Европската Економска Област, и е усогласена со Европската Регулатива за заштита на податоците и Законот за заштита на личните податоци.

ТЕХНОЛОЏИ БОКС, по потреба, на пример заради спроведување на Договор за користење на услуги од надворешни лица кога давателот на услугата е надворешно лице од странство, може да изврши пренесување на личните податоци во други држави што се членки на ЕУ или на ЕЕА и за тоа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци. ТЕХНОЛОЏИ БОКС исто така има право да изврши пренос на личните податоци и во други држави што не се членки на ЕУ или на ЕЕА, по претходно одобрение за пренос на личните податоци од Агенцијата за заштита на личните податоци односно по добиена Одлука за соодветност од страна на Агенцијата доколку проценила дека третата земја обезбедува соодветно ниво на заштита на личните податоци.

ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ И СОСТОЈБАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПО ИСТЕК НА ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД
Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Сите добиени согласност од страна на субјектите на личните податоци се чуваат 6 години или до повлекување од страна на субјектот на личните податоци.

Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на задржување.

7. ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Субјектите на лични податоци имаат одреден сет на права утврдени со Законот за заштита на лични податоци кои се подолу објаснети.

– Право на информираност (член 16, 17 и 18 од Законот)

ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги информира субјектите на лични податоци за процесот на обработката на податоците, целите на обработката, категориите на лични податоци што се обработуваат, корисниците/категориите на корисници доколку ги има, намерата за преку – граничен пренос (доколку се пренесени, информации за соодветните заштитни мерки со можност за добивање на копија или информација каде се достапни), временскиот период на чување на личните податоци/критериумите што се користат за одредување на тој период, легитимните интереси на ТЕХНОЛОЏИ БОКС ако обработката се врши согласно овој основ за обработка на личните податоци, постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како и информација за правата на субјектите на лични податоци. Во согласност со начелото на транспарентност, ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги информира субјектите на лични податоци за работите поврзани со личните податоци преку/: Информациите за субјектите на личните податоци достапно во сите продавници на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, и преку Известувањето за видео-надзор во сите места каде што има ТЕХНОЛОЏИ БОКС поставено камери.

Напоменуваме дека ТЕХНОЛОЏИ БОКС не е должна да ги достави овие информации во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци (член 18 став 5).

– Право на пристап (член 19 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да добијат потврда од ТЕХНОЛОЏИ БОКС дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат имаат право да добијат информации согласно правото на информирање.

– Право на исправка или дополнување (член 20 и 23 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци.

– Право на бришење на податоците (член 21 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од ТЕХНОЛОЏИ БОКС да ги избрише нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци. Во суштина, по барање на субјектот на личните податоци, ТЕХНОЛОЏИ БОКС ќе ги избрише истите само доколку личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или пак, каде што е релевантно, субјектот на лични податоци ја повлекол својата согласност а личните податоци биле обработувани врз основа на дадената согласност (во случај на директен маркетинг).

При бришење на личните податоци, ТЕХНОЛОЏИ БОКС води сметка истите да се избришат и од страна на третите страни со кои ТЕХНОЛОЏИ БОКС соработува а кои ги обработуваат тие податоци.

– Право на ограничување на обработката (член 22 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од ТЕХНОЛОЏИ БОКС да ја ограничи обработката на нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци вклучително и под услов обработката да не е повеќе неопходна за усогласување со законска обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на ТЕХНОЛОЏИ БОКС.

– Право на приговор (член 25 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да поднесат приговор до ТЕХНОЛОЏИ БОКС во секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со нив, кога обработката на нивните лични податоци се заснова врз основа на легитимниот интерес на ТЕХНОЛОЏИ БОКС или трето лице или јавниот интерес вклучувајќи и профилирање засновано на овие основи. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектите имаат право во секое време да поднесат приговор на обработката на личните податоци и да побараат ТЕХНОЛОЏИ БОКС да ја запре натамошната обработка на личните податоци за тие цели.

– Право на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање (член 26 од Законот)
Субјектите на лични податоци имаат право да не бидат предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка на нивните лични податоци, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици или на сличен начин значително влијае на клиентот, освен во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци.

– Право на преносливост (член 24 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да ги добијат нивните лични податоци, а кои ги имаат дадено на ТЕХНОЛОЏИ БОКС во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имаат право да ги пренесат на друг контролор, без попречување од страна на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на лични податоци.

Напоменуваме дека Барањето за остварување на правата е достапно да следниот линк: [email protected] и истото можете да го поднесете на адреса „ГТЦ Кеј 13ти Ноември 2/7 1000 Скопје Македонија“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“ или електронски, на е-адресата [email protected] при што треба електронски да го потпишете Барањето или пак да го испратите скенирано пополнетото Барање.

НАПОМЕНА: Пред поднесување на Барање за остварување на правата се охрабруваат и замолуваат сите субјекти на лични податоци да ги прочитаат релевантните законски одредби цитирани погоре кои содржат услови и ограничувања кога и како се остваруваат правата, а со цел да се избегнат непотребни и неосновани барања до ТЕХНОЛОЏИ БОКС.
Воедно напоменуваме дека бараните информации ТЕХНОЛОЏИ БОКС ќе ги обезбеди без надоместок освен во случај кога Барањата се очигледно неосновани или прекумерни, особено ако се повторуваат истите барања. Во овие случаи ТЕХНОЛОЏИ БОКС или ќе одбие да постапи по Барањето или ќе наплати надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или постапувањето по Барањето, за што соодветно ќе бидете известени.

Исто така, напоменуваме дека доколку се побара повеќе од една копија од личните податоци што се обработуваат, ТЕХНОЛОЏИ БОКС донесува одлука дали ќе наплати надоместок при што ги зема предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на копиите.

8. СИСТЕМ НА ВИДЕО НАДЗОР
ТЕХНОЛОЏИ БОКС врши видео надзор во просториите само на просторот кој е доволен за исполнување на целите за кои е поставен, заштита на сопственоста, заштита на животот и здравјето на вработените, и/или обезбедување на контрола на влегувањето и излегувањето од службените простории.

Начинот на вршење на видео надзорот е подетално регулиран со Правилникот за начинот на вршење на видео надзор. Овој Правилник е изработен врз основа на Законот за заштита на личните податоци и релевантните подзаконски акти донесени врз основа на овој Закон.

Снимките направени при вршење на видео надзорот се чуваат до исполнување на целта за кои се врши видео надзорот, но не подолго од 30 дена. По истекот на овој рок снимките автоматски се бришат од системот на видео надзор. Снимките од видео надзорот може да се чуваат подолг временски период ако чувањето е согласно закон во кој се содржани заштитни мерки и други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на личните податоци, но не подолго од исполнувањето на целта. Исто така, снимките може да се чуваат подолг временски период кога тоа е потребно за остварување на легитимниот интерес на ТЕХНОЛОЏИ БОКС при водење на соодветни постапки согласно закон, и интерните процедури за начинот на чување и бришење на снимките. Видео снимките кои не се бришат автоматски односно кои се чуваат подолг временски период а за кои е исполнета целта, се уништуваат од страна на посебна Комисија за уништување на видео материјал.

На видливо и јасно место каде што е поставен видео надзор ТЕХНОЛОЏИ БОКС има соодветно известување (налепница) која истакнува дека се врши видео надзор, како и податоци за името на контролот, целта на видео надзорот, рокот на чување на видео снимките, правата на субјектите на личните податоци, контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци, информации за каде се врши видео надзор како и начинот на кој може да се добијат дополнителни информации.

9. ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
ТЕХНОЛОЏИ БОКС, може да ги користи личните податоци на субјектите со цел нивно информирање за услуги на ТЕХНОЛОЏИ БОКС или други слични промотивни активности коишто би можеле да ги интересираат, само по добиена изречна согласност. Друштвото не ги продава ниту дава личните податоци дадени за оваа цел на незасегнати трети лица за нивни маркетинг цели.

Напоменуваме дека дадената согласност за оваа цел може да се повлече во секое време без надомест, преку два канали:

i. Преку Контакт центарот, или

ii. Преку повлекување на согласноста со испраќање на барање до нашиот меил

10. БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Доверливоста на личните податоци на клиентите на ТЕХНОЛОЏИ БОКС има посебен фокус од страна на сите служби во ТЕХНОЛОЏИ БОКС.

ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба. За оваа цел, се применуваат голем сет на технички и организациски мерки со кои ТЕХНОЛОЏИ БОКС гарантира дека личните податоци се обработуваат строго согласно Законот за заштита на личните податоци и дека се обработуваат од добро обучени лица со ограничен и контролиран пристап до истите и преку безбедни и модерни ИТ системи.

Секој вработен е одговорен за почитување на интерните политики за заштита на лични податоци на ТЕХНОЛОЏИ БОКС и ТЕХНОЛОЏИ БОКС има нулта толеранција за случаи кои може да ја доведат во прашање довербата и приватноста на клиентите и пошироката јавност.

Нарушување на безбедноста на лични податоци може да настане во случај на случајно или намерно уништување, губење, менување, откривање или пристап до личните податоци.

Во ваква ситуација, ТЕХНОЛОЏИ БОКС веднаш откако дознала за нарушувањето на безбедноста а најдоцна во рок од 72 часа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци. Доколку оцени дека станува збор за ситуација каде што постои веројатност да предизвика висок ризик за правата и слободите на клиентите, и се исполнети законските услови од Законот за заштита на личните податоци, ги известува и сите засегнати физички лица.

ТЕХНОЛОЏИ БОКС има донесено соодветна процедура за начинот на кој вработените треба да пријават до Агенцијата за заштита на личните податоци во случај на настанување на безбедносен инцидент поврзан со протекување или нарушување на лични податоци.

11. ИЗМЕНУВАЊЕ / ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката на Приватност е усвоена во 2022 година

ТЕХНОЛОЏИ БОКС има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на ТЕХНОЛОЏИ БОКС со цел усогласување со важечката правна рамка или стандардите на друштвото, доколку истите се повисоки во однос на предвидените со националното законодавство.

Во ваков случај, ТЕХНОЛОЏИ БОКС ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.

12. КОНТАКТ ПОДАТОЦИ ЗА ТЕХНОЛОЏИ БОКС И ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
За било какви прашања во врска со оваа Политика за приватност на ТЕХНОЛОЏИ БОКС како и во врска со Политиките од Анексите во прилог на оваа Политика, ве молиме контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци на еден од следните начини:

– преку писмен допис којшто можете да го поднесете до ТЕХНОЛОЏИ БОКС на адреса „ГТЦ Кеј 13ти Ноември 2/7 1000 Скопје Македонија“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“;

– по електронски пат, на е-адресата [email protected]; или

– преку телефонскиот број: +389 02 3163 740

АНЕКС број 1 : ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВЕБ-СТРАНАТА И ОНЛАЈН СЕРВИСИТЕ НА ТЕХНОЛОЏИ БОКС
ТЕХНОЛОЏИ БОКС собира податоци за посетителите / корисниците на својата веб – страница (во натамошниот текст: „корисниците“), достапна на следниот линк: https://peko.com.mk/.

Веб-страницата може да вклучува линкови до други веб-страници кои се под одговорност на трети лица (физички или правни лица). Во никој случај ТЕХНОЛОЏИ БОКС не е одговорна за мерките за заштита и управување со личните податоци во однос на гореспоменатите веб- страници на трети лица.

Личните податоци кои се собираат преку веб-страната и онлајн сервисите на ТЕХНОЛОЏИ БОКС се потребни во моментот кога корисникот ќе ја побара услугата или посети страницата. ТЕХНОЛОЏИ БОКС може да ги обработи сите или дел од дадените лични податоци од корисниците со цел да ја обезбеди е-услугата како и за статистички/аналитички цели со цел подобрување на услугите и корисничкото искуство.

Поконкретно, ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги собира следните податоци:

– Лични идентификациски податоци
ТЕХНОЛОЏИ БОКС може да собира лични идентификациски податоци од корисниците на разни начини, а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на веб- страницата и онлајн сервисите на ТЕХНОЛОЏИ БОКС.

Корисниците може да ја посетат страницата и анонимно преку „инкогнито моуд (incognito mode)“ на интернет пребарувачот.

ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги собира личните идентификациски податоци од корисниците само доколку тие самите се согласат да ги достават до ТЕХНОЛОЏИ БОКС. Истите можат во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски податоци.

Лични податоци кои ТЕХНОЛОЏИ БОКС може да ги собира и обработува кога ги посетувате веб- страницата или останатите онлајн услуги, се податоците добиени од страна на колачињата.

– Идентификациски податоци што не се лични
ТЕХНОЛОЏИ БОКС може да собира и идентификациски податоци за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат веб – страницата или онлајн сервисите на ТЕХНОЛОЏИ БОКС. Идентификациските податоци што не се лични може да вклучуваат:

– Data tracking, односно името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на веб – страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет – услугата и слични информации,

– Времетраење на посета како и времетраење на одреден проблем кој настанал при користењето на веб-страницата или онлајн сервисите,

– Псевдоминизиран ID (единствен идентификациски број) кој се чува со цел да се идентификува корисникот кога повторно ја посетува веб-страницата,

– Маркетинг податоци, односно податоци кои укажуваат на ТЕХНОЛОЏИ БОКС кои реклами и промоции ги прегледал корисникот и сл.,

– Локациски информации, односно податоци за локацијата од каде е отворена веб- страницата или е пристапено кон онлајн сервисите.

Сите овие информации се собираат со цел да се креира псевдоаномизиран профил на корисник. На овој начин се заштитуваат личните податоци на корисникот.

“Колачиња (анг.: Cookies)”
Веб – страницата на ТЕХНОЛОЏИ БОКС може да користи „колачиња” со цел да се подобри корисничкото искуство, да се подобри пристапот до одредени услуги на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, да се идентификуваат најчесто посетуваните области како и да се процени ефективноста на на веб – страницата но притоа не се обработуваат личните податоци на корисникот . „Колачињата“ се мали текстуални (text) фајлови кои се испраќаат до компјутерот на корисникот со цел да се обезбеди техничка функционалност на веб-страницата и да се персонализира корисничкото искуство (пр. „колаче“ кое ги памти преференциите на корисникот при следна посета на веб-страницата).

ТЕХНОЛОЏИ БОКС користи „колачиња“ кои спаѓаат во четири категории:

– Строго неопходни колачиња. Овие колачиња се секогаш активни поради функционалноста на веб-страницата.

– Аналитички колачиња. Податоците кои се обработуваат со овие колачиња се поврзани со начинот на кој се користи веб-страницата од страна на корисниците (од каде доаѓа посетителот, кои страници ги посетува, и сл.). Овие податоци не се користат за маркетинг или други цели освен за подобрување на корисничкото искуство на посетителот.

– Маркетинг колачиња. ТЕХНОЛОЏИ БОКС не користи „колачиња“ кои собираат податоци кои потоа се обработуваат за маркетинг цели. Истовремено, има воспоставено колаче од Google AdSense (трета страна) за нивни маркетинг цели (таргетирање на посетителите додека посетуваат различни веб-страници). Истите се користат согласно Политиката за приватност на Google.

– Колачињата од трети страни. Колачиња од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на ТЕХНОЛОЏИ БОКС и ТЕХНОЛОЏИ БОКС нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени.

При првата посета на веб-страницата на ТЕХНОЛОЏИ БОКС посетителот добива информација за политиката на „колачиња“ на ТЕХНОЛОЏИ БОКС и дава согласност за користење на истите. Во таа насока, напоменуваме дека „колачињата” коишто се неопходни од технички аспект со цел корисниците да ја користат веб – страницата на ТЕХНОЛОЏИ БОКС не е можно да се исклучат.

Во однос на останатите видови “колачиња”, коишто не се неопходни за општата функционалност на веб – страницата, предвидена е можност да ги одбиете или да се согласите да ги прифатите. Корисниците може во секој момент да ги изменат преференциите.

Дополнително, користењето на веб-страницата на ТЕХНОЛОЏИ БОКС не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за корисничкото искуство на посетителот.

ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
• За подобрување на функционалноста на веб-страницата и онлајн сервисите

ТЕХНОЛОЏИ БОКС постојано се стреми да ја подобри понудата на својата веб – страница и онлајн сервиси базирано на повратните информациите што ги добиваме од корисниците.

• За подобрување на услугите на ТЕХНОЛОЏИ БОКС кон клиентите

Личните податоци помагаат поефикасно да одговориме на барањата на корисниците за дадени услуги или поддршка што им е потребна (пр. процесирање на трансакции, верификација на идентитет, спречување измами, аналитика, итн.).

БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Како што е опишано во Политиката за приватност на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, ТЕХНОЛОЏИ БОКС применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на личните податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на веб – страницата или онлајн сервисите на ТЕХНОЛОЏИ БОКС.

ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на веб – страницата на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, и други трети лица. ТЕХНОЛОЏИ БОКС не ја контролира содржината или врските што се присутни на тие страници и не е одговорна за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од веб – страницата на ТЕХНОЛОЏИ БОКС. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или сервиси може да имаат сопствена Политика за приватност на личните податоци на нивните веб- страници и посебна Политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со било која друга страница, вклучувајќи ги и страниците што имаат врски кон веб – страницата на ТЕХНОЛОЏИ БОКС е предмет на конкретните правила и политика на односните страници.

ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Политиката за приватност е усвоена во 2022 година

ТЕХНОЛОЏИ БОКС има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на личните податоци на веб – страната на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, со цел усогласување со важечката правна рамка. Во ваков случај, ТЕХНОЛОЏИ БОКС ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.

АНЕКС број 2 : ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ТЕХНОЛОЏИ БОКС
Оваа Политика се однесува на вработените на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, на практикантите и волонтерите во ТЕХНОЛОЏИ БОКС, вработените со договор на дело и на ангажирани лица (во понатамошниот текст: “вработени”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги обработува ТЕХНОЛОЏИ БОКС за вработените во ТЕХНОЛОЏИ БОКС, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, заштитата, итн..

Категории на лични податоци на вработените што ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги обработува
Врз основа на Законот за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи, Законот за практиканство, Законот за волонтерство и други законски и подзаконски акти од оваа област како и заради исполнување на договорните обврски со вработените на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги обработува следните лични податоци:

· име, презиме и татково име на работникот;

единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ);
ден, месец и година на раѓање;
место на раѓање (општина, населено место и држава);
пол (машки-женски);
· живеалиште и адреса (општина, населено место, улица и број и држава);

припадност на заедниците;
религиска припадност;
учество во синдикат;
· место на работа (општина, населено место, улица и број, држава);

· степен и вид на завршено образование (без образование, основно училиште, средно училиште, вишо, факултет, магистри и доктори на наука);

· степен на стручна подготовка, (НКВ, ПКВ, КВ, ВКВ, ССО за занимање):

– завршени програми за стручно оспособување (обука, доквалификација и преквалификација) и

– посебни знаења и способности (компјутерски способности, знаење на странски јазици и други вештини);

шифра и опис на занимање;
· работно време на работникот (полно работно време или скратено);

стаж на осигурување до стапувањето на работа кај работодавачот;
траење на работниот однос:
– на неопределено време и

– на определено време;

број на трансакциска сметка;
износ на плата;
податоци за дисциплински постапки и изречени парични казни;
дали е трудов инвалид (здравствени податоци);
датум на засновање на работниот однос;
· датум на престанок на работниот однос;

основа за престанок на работниот однос.
Цели на обработка на личните податоци на вработените на ТЕХНОЛОЏИ БОКС
Во однос на целите на обработката, истите се елаборирани во Политиката за приватност на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, односно за цели за исполнување на законски обврски на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, како и исполнување на договорните обврски со вработените на ТЕХНОЛОЏИ БОКС.

Дополнително, ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги обработува личните податоци на вработените на ТЕХНОЛОЏИ БОКС и за потребите на легитимниот интерес на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, во следните ситуации:

Носење одлука за внатрешно распоредување по сектори, унапредувања, итн…;
· Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;

· Обезбедување на договорни бенефиции за вработените;

· Одржување на сеопфатна, ажурирана евиденција за вработените на ТЕХНОЛОЏИ БОКС, со цел да се осигури, меѓу другото, воспоставување на ефикасна коресподенција и одржување на соодветни точки за контакт во случај на некоја итност;

· Ефикасно следење на работењето и ефикасност и преземање соодветни активности, доклку се појави таква потреба;

Проценка за потребите за обуки;
Ефективно управување за боледувања и одмори на вработените;
· Управување со системот за законско отсуство од работа и плата, како што се породилно отсуство, неплатен одмор, и слично;

· Деловно планирање и реструктуирање;

· Справување со правни постапки против ТЕХНОЛОЏИ БОКС;

Спречување на измами;
Посебни категории на лични податоци на вработените на ТЕХНОЛОЏИ БОКС
Посебни категории на лични податоци кои ги обработува ТЕХНОЛОЏИ БОКС се:

Здравствени податоци;
Етничка припадност;
Религиска припадност;
Синдикално учество.
Посебните категории на лични податоци се обработуваат заради:

интерните процедури за отсуство на вработените од здравствени причини;
извршување на разумни прилагодувања за лица со попречености;
· одредување на неработни денови согласно изјаснетата религиска припадност на вработените на ТЕХНОЛОЏИ БОКС;

· за финансиска помош на вработени и/или членови на нивното поблиско семејство во случај на потешки здравствени и сл. вид на незгоди/несреќи.

Врз основа на законските прописи за заштита на личните податоци, ТЕХНОЛОЏИ БОКС не е обврзана да обезбеди посебна согласност за обработка на посебните категории на лични податоци со цел да ги спроведе своите законски обврски коишто произлегуваат од прописите за работни односи, социјално и здравствено осигурување. Во зависност од целта на обработка, можно е во одредени ситуации да побараме согласност за обработка на посебни категории на лични податоци. Во тој случај, вработените се целосно запознаени со причините за обработката.

Корисници и пренос на лични податоци
ТЕХНОЛОЏИ БОКС, доколку е потребно може да ги открие личните податоци на овластени колеги од секотрите во рамки на компанијата, кои обработуваат лични податоци врз основа на договор и дадена изјава за тајност и заштита, и кои вршат увид на податоци само доколку се овластени од страна на управител доколку е неопходно со цел да ги извршат своите работни задачи; соодветен раководител заради менаџирање со работните обврски; вработените во Секторот за кадри на ТЕХНОЛОЏИ БОКС заради оддржување на досиејата на вработените и/или внесување на податоците во соодветните системи.

Безбедност на обработка на лични податоци
ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци на вработените се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на лични податоци
Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката. Во текот на времетраењето на вработувањето, личните податоци на вработените се водат во евиденцијата на вработени, а по престанокот на работниот однос, во согласност со Законот за архивски материјал, Политиката за чување и уништување на документи и електронски записи и Законот за евиденции од областа на трудот, се чуваат како документ од трајна вредност. Во однос на другите податоци од досието, периодот на чување на податоците може да варира, во зависност од целите на обработката на личните податоци.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Снимките направени од видео надзорот се чуваат 30 денови по што автоматски се бришат.

Автоматско донесување на поединечни одлуки
ТЕХНОЛОЏИ БОКС не ги обработува личните податоци на вработените за носење автоматски одлуки поврзани со вработените.

Права согласно Законот за заштита на личните податоци
Правата на вработените во врска со личните податоци и начинот како да ги остварат истите се опишани во Политиката за приватност на ТЕХНОЛОЏИ БОКС.

Податоци за контакт
За сите прашања со оваа Политика или други прашања поврзани со заштитата на личните податоци, контактирајте ја ТЕХНОЛОЏИ БОКС на начин опишан во Политиката за приватност на ТЕХНОЛОЏИ БОКС.

АНЕКС број 3 : ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ТЕХНОЛОЏИ БОКС
Оваа Политика се однесува на кандидатите за вработување во ТЕХНОЛОЏИ БОКС (во понатамошниот текст: “кандидати”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги чува ТЕХНОЛОЏИ БОКС за кандидатите за вработување, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, итн..

Категории на лични податоци на кандидатите за вработување што ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги обработува
ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги обработува следните лични податоци на кандидати за работа:

• Име и презиме, адреса, датум на раѓање, телефонски број;

• Слика и тоа единствено со изречна согласност од кандидатот, дадена во согласност со Законот за заштита на личните податоци;

• пол;

• информации вклучени во CV-то, вклучвајќи степен на образование и историја на вработување;

• документација за потврдување на правото кандидатот да работи во Република Северна Македонија;

• возачка дозвола (за одредени работни позиции).

Цели на обработка на личните податоци на кандидатите за вработување во ТЕХНОЛОЏИ БОКС
Дополнително, ТЕХНОЛОЏИ БОКС има легитимен интерес да ги обработува личните податоци на кандидатите за вработување заради следниве цели:

• Носење одлука кому да му се понуди вработување од кандидатите пријавени за работното место, внатрешно распоредување по сектори, унапредувња и слично;

• Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;

• Проценка за потребите за обуки.

Доколку апликацијата не е успешна и на кандидатот не му е понудено работното место, личните податоци нема да бидат употребени за било каква друга причина. Истите ќе бидат уништени од базата на податоци на ТЕХНОЛОЏИ БОКС. При горниот случај, ТЕХНОЛОЏИ БОКС може да побара согласност од кандидатот за да ги зачува неговите лични податоци во базата на податоци на потенцијални кандидати за вработување, во случај да се појават соодветни слободни работни места во организацијата за кои смета дека би сакале да аплицираат во рок од 1 или 2 година максимум.

Корисници и пренос на Вашите лични податоци
Како кандидат за вработување во ТЕХНОЛОЏИ БОКС, ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги открива личните податоци на раководителот на Секторот за работното место за коешто аплицирал кандидатот, како и на останатите вработени лица во ТЕХНОЛОЏИ БОКС задолжени за интервјуирање и селекција на кандидати.

Безбедност на обработка на личните податоци
ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на личните податоци
Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, ТЕХНОЛОЏИ БОКС ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката, а истото зависи од тоа дали апликацијата на кандидатот ќе биде успешна или неуспешна.

Доколку апликацијата е неуспешна, и притоа ТЕХНОЛОЏИ БОКС нема согласност од кандидатот да ги чува неговите лични податоци за идни отворени работни позиции во ТЕХНОЛОЏИ БОКС, личните податоци ќе ги чува најмногу 60 дена од денот на завршување на изборот за работната позиција.

Доколку ТЕХНОЛОЏИ БОКС побарала и добила согласност за чување на личните податоци за идни отворени работни позиции во ТЕХНОЛОЏИ БОКС, податоците ќе ги чува во период од 1 или 2 години, во зависност од согласноста.

По завршување на овој период ТЕХНОЛОЏИ БОКС ќе ги уништи личните податоци, освен во случај ако порано кандидатот ја повлекол согласноста.

Доколку апликацијата е успешна, личните податоци ќе бидат пренесени во евиденцијата на вработени на ТЕХНОЛОЏИ БОКС.
Shopping Cart
Scroll to Top