Проценување на топлинско оптоварување на клима уред

 

Напомена: Резултатот кој ќе го добиете е индикативен и не може да замени професионална пресметка, проценка и совет!

 

a) Податоци за прозорци


• Измерете ги димензиите на прозорците. Користете ја формулата (должина х висина) за пресметка на површината на прозорецот, а доколку имате повеќе прозорци во просторијата направете збир на површината на сите прозорци и внесете ја во калкулаторот. Така на пример, доколку прозорецот има должина 2m и висина 1m, со примена на формулата површината изнесува 2m².


• Во зависност од тоа како се поставени/ориентирани прозорците, ја избирате соодветната опција дадена во калкулаторот. На пример, ако вашите прозорци /ѕидот се ориентирани на југ, тогаш се избира опцијата „јужна страна“.





• Појаснуваме дека доколку вашиот прозорец има ролетна (внатрешна или надворешна) и завеси, тогаш треба да ги изберете двете опции.

б) Податоци за прегради


• Како пример посочуваме дека доколку ѕидот е со површина од 13.5m² (должина 5m и ширина 2.7m), а прозорецот со површина од 2m² (должина 1m и ширина 2m), треба од вкупната површина на ѕидот да се одземе вкупната површина на прозорецот (13.5 m² – 2m²), при што се добива површина од 11.5m². Вие пресметајте согласно вредностите кои сте ги утврдиле во вашата просторија!



• Доколку ѕидот е под сенка, треба да ја изберете опцијата „не“.


• Површина на внатрешни ѕидови –како пример наведуваме дека просторијата има 3 внатрешни ѕидови, сите со должина од 5m и ширина 2.7m, па доколку е така по примена на формулата се добива следниот резултат: 3 х 5 х 2.7 = 40.5m². Вие пресметајте согласно вредностите кои сте ги утврдиле во вашата просторија!


• Површината на таванот вообичаено е еднаква на површината на подот. Вие пресметајте согласно вредностите кои сте ги утврдиле во вашата просторија!



• Одберете опција која одговара на состојбата на вашата просторија.


• Пресметајте ја површина на подот се формулата (должина х ширина).



• Одберете опција која одговара на состојбата на вашата просторија.


• Пресметајте ја површината на влезната врата во просторијата преку примена на формулата (должина х ширина).

в) Податоци за други оптоварувања


• Наведете го бројот на лица кои најчесто престојуваат во простријата.


• Со цел да ја пресметате вкупната моќност на осветлување во просторот, избројте ги светилките и проверете ја нивната моќност. Така на пример доколку во просторијата има 6 светилки, од кои 2 светилки се со моќност од 50W и 4 светилки се со моќност од 20W, по примена на формулата 2 х 50 + 4 х 20 добивате моќност од 180W. Вие пресметајте согласно вредностите кои сте ги утврдиле во вашата просторија!

Внесете ги сите полиња означени со црвено

Потребна моќност за
разладување на просторот (W)

Потребна моќност за
загревање на просторот (W)

Пример:

Shopping Cart
Scroll to Top